Motherhood

Работи за кои бебињата родени во 2012 нема ни да знаат…

Синдромот на   „ smart“ технологиите , ќе почне да ги заменува сите детски играчки, за кои можеби ние и сме сонувале да ги имаме. Додека ние се радувавме на собирање миризливи ливчиња, додека имавме колекции од играчки автомобили за кои требаше да собираме дел по дел и се радувавме на уличните игри… денешните генерации „ безгрижно “ го поминуваат детството, поминувајќи се поглем дел од времето пред компјутер, телевизор и наоѓајќи спас за секој проблем во виртуелното…

Ви претставуваме неколку работи врзани за нашето детство, за кои бебињата родени во 2012 нема ни да знаат дека постоеле, можеби не беа толку квалитетни и функционални… но ќе се сеќаваме на нив со задоволство.

Видео ленти – Денес се прават снимки со многу подобар квалитет, за кој не се употребуваат видео лентите, но сигурно ќе се присетите на магичните моменти поминати со нив.

Книги, магазини, стрипови и весници – Зборовите напишани на „ мртво дрво “ полека изумираат. Односно, можеби и ќе постојат, но нивниот број ќе биде изедначен со  видео клубовите…

Видео клубови – Па дури и тие. Далечни се времињата кога се качувавме во автомобили за да изнајмиме некој добар филм.

Часовници – Можеби како накит ќе постојат, но нивната функција полека се губи, покрај точното време кое се наоѓа на телефоните.

Мали огласи – Со оглед дека веќе секоја информација е сервирана и лесно достапна, невозможни ќе бидат времињата кога со нетрпение ќе ги очекуваме новите огласи.

Заборавени пријатели – Додека низ времето сме се сретнувале со пријатели од средно, за кои не сме ни имале шанси да дознаеме како напредуваат, па следувале долги разговори, сега Фејсбук е лесен начин за сето тоа да не се чувствува како празнина.

Вести во 20 : 00 часот – Сега ги има толку често, што љубопитноста која сме ја имале, очекувајќи ги со нетрпение, ќе стане дури и смешна. Сега слободно ги имаме на располагање и преку нашите телефони.

Фото апарати со филм – За колекционерите ова можеби е интересен предмет, меѓутоа, идните генерации нема ни да знаат како некогаш се овековечуваа спомените.

Факс машини – Зошто сето тоа, кога се може да се скенира, да се направи во pdf формат и да се прати преку мејл ?

Рачно пишувани писма – Или било што пишувано со рака. Дневниците, писмата до заборавеното другарче, стануваат утопија…

Енциклопедии – Огромна беше радоста кога во наши раце ќе се најдеше скапа енциклопедија. Ова ќе биде незамисливо за идниве генерации…

Разговор со секоја личност поединечно – Порано беше непристојно додека разговараш со друг, истовремено да пишуваш смс пораки или да разговараш на телефон. Денешнава мулти- таскинг ера, не гледа никаков проблем во тоа.

Долго, постојано вработување – Минато е времето кога на исто работно место се поминуваа по 20 години и кога истата фирма исплатуваше и плата и останати бенефиции.

Приватност – Порано, доколку не се јавевте на домашен телефон, никој не можеше да знае каде би можеле да бидете или како сте. Сега не само што вашиот телефон е секаде со Вас, тој може и лесно да открие каде сте.

Write A Comment