Ако оваа вест е вистинита тогаш да им честитаме на Рајан Рејнолдс и Блејк Ливели.
Според странските медиуми, парот тајно се венчал во Јужна Каролина на една од најстарите плантажи во Сад – Boone Hall Plantation.
На венчавката пеела Флоренс Велч, пејачката од бендот Florence and the Machine, која е блиска пријателка на Блејк.
Инаку Блејк и Рајан се во врска една година. За Рајан ова е втор брак. По разводот со Скарлет Јохансон тој изјави дека никој пат повеќе нема да се жени, но изгледа дека Блејк успешно го премислила во тоа.
