Мода

Ралф Лорен со женска колекција во машки стил

На модната недела во Њујорк познатиот дизајнер Ралф Лорен ја претстави својата најнова колекција наменета за сезоната есен 2012 година, која се фокусира на англискиот стил на облекување од минатото.

Колекцијата опфаќа креации направени во „машки стил“, односно инспирирани од машката мода на крајот на 19 и почетокот на 20 век, како и многу гламурозни креации со златни и сребрени детали.

Богатите ретро мотиви, комбинациите од кариран твид и волнени панталони, како и ретро шеширите буквално ја фасцинираа њујоршката публика, а и строгите модни критичари. Кога станува збор за фустаните, Лорен се фокусиран на безвременската елеганција на црно златните комбинации, а ден од нив сигурно и ќе се најдат на многу свечени церемонии.

Напиши коментар