Го сакаме џинсот… Ултра модерниот израз кој го има, доминира секогаш, без разлика на годишното време, без разлика дали е блед, потемен или може да се забележи само како мало парче…
Ralph Lauren со оглед на големото искуство кое го има во модната индустрија, оваа Пролет со него склучи успешна зделка, која можете да ја видите во следнава галерија. За Пролет/ Лето 2012, брендот подготви неодолива парада на џинс, во комбинација со едноставни детали, кои ќе дадат особен белег на Вашиот изглед.
Урбан, секси, неодолив, галантен, безобразно провокативен изглед е прогнозата која претстои за оваа Пролет… Само одберете го вистинското парче од атрактивниот бренд Ralph Lauren!!!










