ШоуБиз

Расел Бренд се враќа на стара шема :)

Многумина помислија дека откако влезе во брак со Кети Пери, Расел Бренд конечно се смири и дозна што навистина значи да си заљубен. Но, сега, откако и двајцата ги потпишаа документите за развод, Расел им се враќа на старите навики.

36-годишниот комичар е забележан како излегува од својот дом во Лос Анџелес со некоја непозната девојка. Наводно, Расел прво ја однел бринетата во театар, а потоа завршиле кај него дома. Следниот ден ја однел дома и ја бакнал кога се разделувале. Таа ја носела истата облека како и минатата вечер.

Еден негов пријател изјавил дека со оглед на тоа што Бранд сега е сингл, тој е решен да тргне понатаму без Кети. Повторно се врати на пазарот.

Напиши коментар