Подолго време само погодувавме кои се причините кои довеле до разводот на Кети Пери и Расел Бранд по само 14 месеци брак, но сега конечно се дозна кои се непремостивите разлики. Кети не сака да има деца, туку да лумпува заедно со Ријана.
Медиумите шпекулираа дека Кети се разведува поради религиски причини и поради неверството на Расел (36), но ништо од тоа не е точно. Главна пречка за да не бидат заедно е што Расел сакал да основа семејство, а на Кети (27) сеуште не ѝ се станува семеен човек.
Кавгата пред Божиќ само ги убрзала работите. Кети наводно ја извадила бурмата и ги фрлила сите подароци од Расел, а актерот се спакувал и си заминал засекогаш. Расел признава дека ја сака Кети и дека тој ќе побара развод за нејзините родители, кои се многу религиозни, да не бидат повредени.
Расел ѝ замерувал на Кети што постојано се дружи со Ријана, а таа е „лошо друштво“.
