ШоуБиз

Расел Бренд се сели од дома!

Само неколку дена откако потврдија дека се разведуваат, Расел Бранд поднел и службено барање за развод на суд. Парот дефинитивно одлучил секој да крене по свој пат. Викендов, Расел одлучил да се исели од заедничката вила во која живеел со Кети Пери вредна 6,5 милиони долари.

Според изјавите на нивните блиски, Расел се иселува што е можно побрзо, па повеќето од неговите работи веќе се преселени. Сеуште не е познато дали куќата останува во заедничка сопственост, бидејќи ја купиле само неколку месеци по склопувањето на бракот или пак, Расел се одлучил да се одрече од својот дел.

Write A Comment