ШоуБиз

Расел не сака да земе ни цент од Кети Пери!

Кога ќе се разведат Кети Пери и Расел Бранд, Расел има да лапне прилично голема сума од парите на Кети, со оглед на тоа што тие никогаш не потпишале предбрачен договор.

Сепак, Расел сака да си остане доследен до своите принципи и според блиски извори до него, тој не планира да земе ни цент од парите на неговата, сега поранешна жена.

Бранд (36) кој стапи во брак со Кети (27) во октомври, 2010 година, може да стане сопственик на десетици милиони долари кои таа ги заработила за времето додека биле во брак. Сепак, тој очигледно се откажал од таа идеја.

Неговите адвокати ги предале финалните документи оваа недела и разводот се очекува да биде финализиран на 30-ти Јуни.

Напиши коментар