ШоуБиз

Раскошната и надарена Селена Гомез :)

Познатата пејачка и актерка Селена Гомез се најде на мартовската насловна страница на списанието „Cosmopolitan“ за 2012 година.

19-годишната девојка на Џастин Бибер изгледа доста сексипилно на насловната, иако сигурни сме дека многумина ќе ја искритикуваат оваа слика со аргумент дека е многу зрела и покажува повеќе отколку што треба да покаже една тинејџерка.

А Селена, за списанието искрено разговарала за својот живот и кариера. Кога ја запрашале за врската со Бибер, таа одговорила:

–          Јас сум како и секое друго девојче кое има 19 години. Ако си заљубен, заљубен си до уши и сакаш да одиш во кино, да излегуваш, да бидеш што е можно понормален. Среќна сум што најдов некој кој ја следи истата животна филозофија.

Напиши коментар