Убавина

Разбудете ја вашата кожа за само неколку минути

Само неколку трикови може да ви помогнат да и дадете доволно енергија на вашата кожа. Не заборавајте дека здравата и чиста кожа е основа за убаво лице!

Судена вода за почеток на денот: Недостатокот на енергија се одразува и на нашето лице. Сивкастата кожа е безживотна и досадна. За да г избегнете тоа, наутро лицето исчистете го со студена вода која ќе ја подобри циркулацијата, ќе ја затегне кожата  ќе ги намали темните кругови околу очите.

Пилинг: Еднаш неделно направете пилинг кој ќе ги отстрани мртвите клетки и ќе го освежи лицето. Не претерувајте со пилингот и најдете средство кое ќе одговара на вашиот тип на кожа.

Нахранете ја кожата: На лицето редовно нанесувајте хидратантна крема која содржи многу витамини и протеини и е на база на природни состојки, која ќе ја подобри целокупната структура на кожата.

Оживејте ја кожата со витамин Ц: Кожата е можно да ја „оживеете“ со помош на сок од портокали. Витаминот Ц ќе ја осветли и ќе направи да изгледате помладо. Исцедете сок од портокал, натопете една газа во него и ставете ја да стои на лицето неколку минути, а потоа исплакнете со млака вода.

 

Напиши коментар