Убавина

Разбудете се поубави

Убавиот одраз во огледалото наутро може да ви го направи денот прекрасен, ќе бидете поспремни за сите предизвици тој ден… и најбитното вашата насмевка ќе биде декор на вашето лице кое нема да сакате да го тргнете.

1. Чистење на лицето

Чистењето на лицето е најдобро да го практицирате неколку часа пред да се одлучите да идете на спиење. Имено ако лицето се чисти пред самото спиење, состојките кои треба да функционираат во службата на убавината ќе исчезнат.

2. Спијте на грб

Просечната глава на жените тежи околу 4 килограми, што е голема тежина за вашето лицде секоја вечер.  Затоа во служба на убавината спијте на грб. Дерматолозите се едногласни дека големината и количеството на брчки на лицето зависи од тоа на која страна спиете.

3. Користете повисоки перници

За подобра циркулација на крвта во телото потребно е да спиете на повисоки перници.  Свилената постела е исто така мелем за убавина и нежност на лицето.

4. За сјај на кожата на лицето

Во вашата крема за лице капнете малку крема за самопотемнување или некоја друга крема која содржи Omega 3 масни киселини. Таа комбинација ќе ви го овозможи саканиот сјај на кожата на лицето.

5. Исхрана

Пред спиење не се препорачува консумирање на јаглехидрати и шеќери, туку протеини или овошје. Лицето наредното утро ќе биде меко и нежно.

6. Фризура за спиење

Ако имате долга коса, направете пунџа на врвот на главата, иста онаква каква што носат балерините, но немојте пунџата јако да ја стегате за скалпот, за да немате болки следното утро. Наутро вашата коса ќе биде бујна и лесно брановидна.

Напиши коментар