Убавина

Разубавете се со маска од кафе и какао

Оваа маска е одлична за летните денови кога заради високата температура отоците на целото тело, па и лицето се поголеми. Освен тоа што ќе го намали отокот, ќе ја нахрани кожата а воедно и ќе ја исчисти од мртвиот слој на клетки. За да ја подготвите оваа маска потребно ви е:

–      4 лажици мелено кафе

–      4 лажици какао во прав

–      8 лажици млеко

–      неколку капки бадемово или кокосово масло

–      две лажици мед

Убаво измешајте ги состојките, а медот ставете го на крај. Нансете ја смесата на чисто лице и врат. Оставете нека делува половина час, а потоа измијте се со млака вода.

Напиши коментар