ШоуБиз

Разводот ја обои во сина боја :)

Откако на 30-ти Декември се рашири веста за нејзиниот развод со Расел Бренд, Кети Пери се труди да остане што е можно понезабележана од папараците и поретко се појавува во јавност.

Вчера е забележана во Лос Анџелес во фустан кој ја потенцира нејзината одлична линија и со плавата коса која деновиве ѝ е заштитен знак. Таблоидите пишуваа дека таа и Расел треба да се сретнат за последен пат, со цел да расчистат некои работи околу разводот и имотот. Засега таа средба сеуште не е остварена, иако деновиве Расел пристигнал и се наоѓа во Америка.

На прашањето на репортерите како функционира по разделбата со Кети Пери, тој одговорил:

–          Супер сум, ако мислите на неодамнешните случувања.

Напиши коментар