Потребни состојки:
– пакување смрзнато лиснато тесто
– 4 големи јаболки
– 200 гр џем од кајсии
– 6 лажици мелени ореви
– 100 гр путер
– 6 лажици презла
– 50 гр шеќер
– 2 лажици цимет
– Кесичка ванилин шеќер
– Лажица рум
– Шеќер во прав
Подготовка:
На растопениот путер на кратко пропрѓете ја презлата, а потоа додадете ги оревите. Одвојте 4 лажици од оваа смеса за премачкување. Остатокот измешајте го со исецканите јаболки, цимет, рум, ванила и загреан мармалад од кајсиии се тоа убаво измешајте го. Расукајте во правоаголник две кори од лиснатото тесто и премачкајте ги со преливот од презла и ореви. На средината ставете од филот со јаболки и преклопете. Ставете ги во плех и печете околу 40 минути, на 180 степени. Кога ќе се испече посипете ја со шеќер во прав.
