Мојата кујна

Рецепт од баба- штрудла на домашен начин

Потребни состојки:

–      пакување смрзнато лиснато тесто

–      4 големи јаболки

–      200 гр џем од кајсии

–      6 лажици мелени ореви

–      100 гр путер

–      6 лажици презла

–      50 гр шеќер

–      2 лажици цимет

–      Кесичка ванилин шеќер

–      Лажица рум

–      Шеќер во прав

Подготовка:

На растопениот путер на кратко пропрѓете ја презлата, а потоа додадете ги оревите. Одвојте 4 лажици од оваа смеса за премачкување. Остатокот измешајте го со исецканите јаболки, цимет, рум, ванила и загреан мармалад од кајсиии се тоа убаво измешајте го. Расукајте во правоаголник две кори од лиснатото тесто и премачкајте ги со преливот од презла и ореви. На средината ставете од филот со јаболки и преклопете. Ставете ги во плех и печете околу 40 минути, на 180 степени. Кога ќе се испече посипете ја со шеќер во прав.

 

 

Напиши коментар