Здраво тело

Рецепт од босилок кој веднаш ќе ве ослободи од стресот

Во овие зелени ливчиња се кријат околу 100 вредни состојки кои се исклучително здрави. Меѓу нив се витамините, минералите, влакната, олигоелементите…

Мирисот на босилок е моќен и релаксирачки. За опуштање може да ви помогне една купка во која ќе капнете неколку капки етерично масло од босилок, или пак ќе ставите неколку гранчиња во кадата.

Ако патите од несоница само длабоко вдишете од мирисот на босилок, ќе почувствувате опуштање.

Ако сте под стрес направете си еден пијалок кој веднаш ќе ве смири: десет листови свеж босилок и две лажици сушен босилок прелијте ги со четврт литар врела вода. Оставете нека отстои 10 минути и процедете. Пијте го полека.

 

Напиши коментар