Art & Crafts

Рецепт за среќа : Живејте го животот без да се жалите !!!

Не мора да бидете волшебник, за да направите позитивна промена во Вашиот живот. Обидете се да направите кратка ретроспектива на она што Ви се случило до сега… И размислете дали она што Ви се случило, е рефлективна појава, на некоја претходна случка… Или пак, Вие сте се одлучиле да го земете судбинското перо, ставајќи се во улога на сопствен судија, единствен кормилар на патувањето наречено живот? Токму така… Вие сте причината за она што Ви се случило. Вашите навики и проблеми се олицетворение на она што Вие сте се одлучиле да прерасне во проблем…

Најважно за емоционалната стабилност на една личност е да се прилагоди на проблемите. Во спротивно, голема е можноста големи се шансите за состојба на депресија…

Она што било, поминало, а всушност, најдобро е да не се вртиме кон минатото. Уште помалку да жалиме по него. Минатото не може да се промени, а присуството на некои случки од минатото, во Вашите мисли, можат да одземат многу ментална енергија, така што дури и не можете да размислувате за нешто друго. Сте пропуштиле некоја прилика во животот? Не го викнавте згодниот сосед на пијачка? Запишавте факултет за кој и немате баш волја? – истражувачите кажуваат дека не би требало да жалите поради тоа.

Животот без жалење би можел да биде концепт за среќна старост без депресија. Постојаното бегство од реалноста, пропуштањето на вистинските, поради фиктивните прилики од минатото, е најголемата штета, која можете да си ја нанесете. Затоа, застанете пред огледалото на животот и погледнете го реалниот одраз на она што Ве опркужува. Што и да е, се наоѓа во позадина. Вие сте пред него, Вие одлучувате дали ќе се одлучите за среќна позадина, или сепак завесите на жалењето колку Вие тешко, ќе ги ставите пред неа…

Зеленото светло е секако, за секојдневието поминато без покажување прст во „ целиот свет кој е против нас “. Што и да се случи, ќе помине, останува само Вашата волја да го направите секој ден среќен. Верувајте дека можете !!!

Напиши коментар