Би била себична човечката природа, ако не признае дека поголем дел од среќата, ја создава присуството на пријателите. Добрите односи и блиските врски со другите се најважен елемент за среќен и исполнет живот. Кога сме опкружени со драги луѓе, кои се среќни и самите сме посреќни. Пријателството треба да се одржува и да се вложува во него. Ви предлагаме осум начини со кои ќе го храните и негувате пријателството со оние кои Ви значат…
1.Добра комуникација
Комуникацијата е најважниот елемент во секој однос, особено во пријателството. Кога се чувствуваме доволно опуштено и пријатно со некоја личност, лесно ни е да бидеме искрени и да кажеме што мислиме. Клучот на добрата комуникација е да се мисли и за чувствата на другиот. Пријателството не значи дека треба да се согласиме во сé, но значи дека треба да ги почитуваме туѓите мислења.
2. Поминувајте време заедно
Во секој однос важно е да се вложи време и да се покаже интерес за другата личност. Иако повеќето луѓе имаат малку слободно време, своето време треба да го посветуваат на заедничките можности, за пријателството да потрае.
3. Слушајте се
Понекогаш во разговорот повеќе размислуваме за тоа што ќе одговориме отколку да слушаме што личноста ни кажува.
4. Искреност
Искреноста гради доверба. Иако понекогаш го кажуваме она што другите не сакаат да го слушнат, важно е и да мислиме на чувствата на другата страна.
5. Ценете го доброто во пријателите
Секој има негативни особини,меѓутоа пријателите еден во друг го препознаваат она позитивното. Покажете им на пријателите дека ги цените и немојте да пробате да го смените она што не Ви се допаѓа кај нив.
6. Немојте да осудувате ! Внимателно со критиките !!!
Пријателството се заснова на сличности, но секоја личност е различна, има свое мислење. .. Иако не се согласуваме со нечија одлука, истата не смееме да ја осудиме. Критиката мора да биде конструктивна. Никогаш не смее да биде навреда и исмејување.
7.Внимание и поддршка
Пријателот е најголемата поддршка во тешките моменти. Лојалноста се покажува со тоа што пријателите се слушаат и со нив се разговара кога им е потребно…
8. Заедничко смеење
Смеењето го разубавува секојдневието, но и помага да се пребродат најтешките моменти. Пријателствата ги зацврстува заедничкото смеење и делењето на иста смисла за хумор.
