Извонредната арома и благотворно дејство на оваа билка ја прават чуедсна и посебна. Ароматичното масло од лаванда е една од најчестите состојки на секој парфем, но и во препаратите за нега на кожата.
Доколку имате масна кожа направете маска од јогурт и неколку капки етерично масло од лаванда. Со оваа маска нежно масирајте се 15 минути, а потоа измијте се со млака вода.
За хранлива маска направете смеса од една испасирана банана, неколку капки етерично масло од лаванда, една лажица мед, и една лажица маслиново масло.
За здрави нокти – во шишенцето со ацетон ставете неколку капки масло од лаванда. Со тоа ноктите ќе добијат сјај по чистењето, наместо да бидат суви.