Убавина

Рецепти за најефтини пилинзи

Дозволете им на маските и кремите 100% да делуваат. А тоа ќе го дозволите ако кожата ви е 100% чиста. За да го постигнете тој еферкт треба да направите пилинг на вашата кожа. Ви ги нудиме најефтините рецепти за да подготвите домашен пилинг:

Пилинг од бадеми

Измешајте две лажици мелени бадеми со две лажици мед. Оваа смеса нанесете ја на лицето и убаво измасирајте се.

Пилинг од кафен шеќер и анасон

Две лажици кафен шеќер измешајте со 3 лажици анасон и две лажици маслиново масло. Овој пилинг особено се препорачува на оние со чувствителна кожа.

Пилинг од мелен ориз и лаванда

Направете густа смеса од мелен ориз и етерично масло од лаванда. Покрај тоа што кожата ќе ви биде мазна ќе добие неверојатен сјај.

Напиши коментар