ШоуБиз

Reese Witherspoon – едноставна и совршена!

Неверојатната и прекрасна Reese Witherspoon со своите совршени руси локни ја краси насловната страна на мартовското издание на списанието Glamour UK. Изгледа софистицирано и елегантно како што позира во фустанот на Nina Ricci.

Таа исто така си поразговарала со едиторите на списанието за нејзиниот став кон  пластичната хирургија, нејзиниот нов замав „This Means War“ и фактот што е претерано едноставна.

За пластичната хирургија таа вели:

–          Не сум за тоа. Не сум ни против тоа. Имам многу пријатели кои гo презеле тој чекор. Сега се чувствуваат одлично. Јас не мислам дека ми треба пластична операција.

За сцената по долна облека во „This Means War“:

–          Не ми е гајле. Го имам телото што го заработив. Имам две деца и сеуште сум здрава и силна. Што повеќе стареете научувате да го почитувате вашето тело на поинаков начин.

Таа е едноставна и вели:

Има една чанта што е премногу скапа. Одам во продавница од време на време да ја посетам. Ако ја купам, ќе се вознемирам и на крај ќе ја вратам. Многу пари и не се на арно, ти го замајуваат мозокот.

Напиши коментар