ШоуБиз

Реј Џеј со детаљи за сексот со Ким Кардашијан!

Реј Џеј, поранешниот дечко на Ким Кардашијан решил да го привлече вниманието на јавноста со тоа што го објави порно видеото со старлетата. Сега, после четири години, тој повторно ги полни медиумите со детаљи за поранешната девојка.

Во својата нова книга „Death of a Cheating Man: What Every Woman Must Know about Men who Stray“, Реј тврди дека Ким го изневерувала првиот сопруг токму со него. Од 2000 до 2004 година, Ким беше во брак со продуцентот Дејмон Томас, а кога беше објавена порно снимката Ким потврдила дека материјалот е снимен во 2003 година, што ја потврдува оваа изјава на Реј.

–          Ми даде до знаење дека сака да биде со мене. Со мене го изневери сопругот. Имавме секс и работите помеѓу нас беа интензивни и се случуваа многу брзо. Потоа се чувствував должен да бидам со неа, – вели Реј, кој не се срами да ги открие детаљите од нивниот интимен однос.

–          Со години со Ким имавме неверојатно добар сексуален живот. Беше опседната и подготвена да ѝ правам што сакам, на било кое место и тоа ме хипнотизираше. Но, на крај Ким стана многу љубоморна, – завршува Реј.

Напиши коментар