← НАЗАД НА БОЗА

Ремикс на автомобилската историја

Ремикс на автомобилската историја
717 Читања

Портфолиото на Icon 4×4 е богато со интересни проекти, меѓу кои е и преродбата на Bronco. Тоа е  компанијата која прави невозможно скапи автомобили кои вредат, преобразувајќи ги најдобрите автомобили за офроуд искуства во историјата. Неодамна покажаа дека можат да работат и со класици кои одамна излегле од употреба, и овие подвижни антиквитети ги оспособија да работат. Токму така! Го запазија надворешниот дизајн на “распаднатите несреќници”, како најволшебна нивна страна (според зборовите на Џонатан Уард) и го сменија целиот погонски дел, по што овој импресивен производ  го покажаа на саемот SEMA.

Сега истите генијалци одлучиле да ни покажат дека можат да се справат и со нешто друго. Решиле да создадат автомобил кој никогаш не постоел, а постоеле шанси да се создаде во минатото. Калифорнискиот тим од инженери го насочува вниманието кон Aston Martin DB4 GT од 60-тите, но не кон секое DB4 GT, туку тоа на Zagato. За разлика од оригиналот,  Icon ќе направат ремек-дело без покрив во стилот на Volante и тоа со помош на дизајнерот на оригиналното купе на Zagato, Еколе Спада, кој во тоа време бил главен дизајнер на италијанската компанија. Имајќи предвид дека, сепак, се ќе се раководи од Icon, тие ќе го трансформираат својот DB4 GT Zagato со што ќе применат модерна механика, вклучувајќи моќен мотор AM V12 (дело на самите Aston Martin), кој обично лежерно одмара или брмчи под капакот на Vantage V12.

Icon  го нарекуваат овој автомобил Reformer или на македонски “реформатор”. На веб-страницата на компанијата автомобилите од оваа уникатна серија се дефинираат како “реставрација, достојни за конкурс кои кријат модерна шасија и можат да се возат. Ремиксирана историја. ” Ние го сметаме дека ова е одлична идеја и нестрпливи сме да го видиме резултатот. Се разбира дека ќе го објавиме кога ќе биде завршен, а до тогаш може да го погледнете “главното едро” на Icon, имено возилото од 60-те DB4 GT Zagato.

Ремиксирана автомобилна история

Aston Martin DB4 GT Zagato

Aston Martin DB4 GT Zagato

Aston Martin DB4 GT Zagato

Aston Martin DB4 GT Zagato

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk