Убавина

Решение за летните проблеми со косата

Иако сите ние долго го чекавме летото, проблемите кои ни ги носат високите температури прават да се чувствуваме помалце нелагодно. За да не биде тоа така кога е во прашање вашата коса, ова се нашите предлози за вас:

Избледена боја на коса

Доколку се фарбате, во летниот проблем сигурно се соочувате со овој проблем. За да не избледува косата најдобро е да користите препарат за коса со UV заштита.

Испукани врвови

Практикувајте вашата коса да биде прибрана во лето. Заштитете ја колку што можете повеќе од јаките сончеви зраци. За да не испукаат врвовите користете маски за коса, а одлични се и оние домашните. Бананата, медот, кокосовото масло се одлична комбинација за маска која ќе ви овозможи здрава коса.

Зеленкаста боја

Хлорот во водата во комбинација со сонцето може да предизвика зеленкаст сјај на косата. Тоа е возможно на секоја коса, а осбено на блондинките. За да не дојде до тоа, или пак ако веќе дојде ставете сок од одмати на косата и оставете нека делува 20 минути, а потоа измијте се со шампон.

Напиши коментар