ШоуБиз

Решено е! Хали Бери на лудиот камен по трет пат!

Кога станува збор за љубовните врски, на Хали Бери не ѝ оди баш од рака. Таа самата се пошегува на своја сметка велејќи дека „не ја бива за брак“.

Сепак, таа никогаш не се откажа од потрагата по „принцот на бел коњ“ и по сè изгледа, 45-годишната актерка и францускиот актер Оливие Мартинез  наскоро ги очекува свадба. Хали Бери, по два неуспешни бракови, повторно е подготвена да го каже судбоносното „да“.

Мартинез (46) ѝ предложил брак на Хали со прстен од дијаманти и смарагди, кој таа гордо го носи. Двојката е заедно од есента, 2010 година, а блиски извори велат дека иако Хали одамна се откажала од вербата во бракот, Мартинез за неа е ангел-чувар.

Write A Comment