Мода

Ретро костимите за капење се враќаат во мода

Неодамна папараците ја сликаа познатата поп пејачка Тејлор Свифт во костим за капење во ретро стил. Тејлор на плажа носека бикини сo висок струк, кој потсетува на пин-ап девојките од 50тите години на минатиот век. Како што потврдуваат и модните критичари, ретро бикините повторно ќе бидат „ин“ ова лето.

Ретро костимите за капење се идеални за оние жени кои сакаат да бидат модерни и шик, а да не бидат премногу разголени. Жените кои имаат тело во форма на крушка се оние кои најмногу ќе се израдуваат на овие костимми за капење. Сепак треба да се внимава долниот дел да биде што поедноставен за да не се привлекува внимание доколку имате поголеми колкови.

Постојат многу модели на овие костими за капење – изберете го оној кој ви одговара и бидете во тренд ова лето.

Напиши коментар