Убавина

Ревитализирајте го лицето со маска од малини

Овие вкусни плодови, најсигурно и најефикасно ќе ја затегнат и ќе ја оживеат вашата кожа.

Малините содржат три многу корисни овошни киселини: салицилна, лимонска, јаболкова. Маската од малина е погодна за сува и комбинирана кожа, а посебно е добра за спречување на стареењето на кожата. Добро е да ја користите 2 пати неделно.

Потребни состојки:

– еден грст малини

– 2 лажици свежо полномастно млеко или јогурт

– 2 капки етерично масло од геранија

– ружина водичка

Испасирајте ги малините за да добиете смеса од 2 лажици малинова каша. На кашата додадете млеко и етерично масло и се измешајте. Со помош на парче памук  нанесете ја маската на лицето и на вратот. Оставете да делува 20 минути, а потоа измијте се темелно, нежно исушете ја кожата и освежете ја со ружина водичка…

 

 

Напиши коментар