Здраво тело

Рибата го чува видот!

Ако често консумирате риба, па дури и онаа од конзерва, ќе имате многу помалку проблеми со очите од оние кои не го прават тоа, тврдат научниците.

Најновите истражувања на американскиот универзитет Хавард, покажаа дека со редовното консумирање на рибата, вклучувајќи ја и конзервираната туна, како и другите намирници богати со омега -3 масни киселини, го намалуваат ризикот од губење на видот.

Истражувачите своите резултати ги темелат на анализа на дури 38.000 жени и нивните прехрамбени навики, вклучувајќи го и внесувањето на омега-3 и омега-6 масните киселини, во период од 10 години.  Резултатите покажаа дека жените кои консумирале најмногу рибино масло имале најмал ризик за развој на сенилна макуларна дегенерација, а ризикот од кубење на видот се намалил и за 42%. Ова може да се постигне само ако еднаш до два пати неделно јадете риба, велат научниците.

 

Напиши коментар