ШоуБиз

Rickey Martin не беше секогаш геј! :)

Многу жени сеуште патат по признанието дека Rickey Martin е геј, но тој никогаш нема да ги заборави врските кои порано ги имал со нив.

Пејачот кој еднаш беше секс симбол и немаше жена која не го посакуваше, вели дека не може да најде доволно зборови да ѝ се заблагодари на жената која на свет ги донела неговите близнаци Matteo и Valentino.

Rickey призна дека е геј пред три години и тогаш ги доби близнаците со својот дечко Karlos Gonzalez, а ги роди сурогат мајка.

–          За неа би го дал целиот мој живот, бидејќи таа ми помогна да ги донесам моите две сонца на свет.

Во интервјуто за списанието „Vanity Fair“ тој додава дека спиел со многу жени, дека се заљубувал во нив и доживеал многу убави моменти. Имало и љубов и страст. Тој не жали за ниту една врска, од секоја извлекол некакво искуство и поука.

Напиши коментар