ШоуБиз

Rihanna добила понуда од Playboy! :)

Rihanna добила милионска понуда за да се соблече за „Playboy“. Таа, пак, изјавила дека моментално размислува за понудата и можните последници ако ја прифати.

Hugh Hefner смета дека убавицата од Барбадос стана глобален бестселер само поради популарноста која само таа знае како да истакне и дека нејзината слика драстично би ја зголемила бараноста на списанието. Според изјавите на блиски извори на пејачката, таа е заинтересирана, но е загрижена за влијанието на тој чекор врз нејзините помлади обожаватели.

–          Rihanna и Hefner моментално се во тајни преговори. Hefner смета дека Rihanna е најдобрата музичка ѕвезда која би можела да се појави на насловната страница на списанието во моментов. Таа е преубава, секси и планетарно популарна. „Playboy“ не е некое перверзно порнографско списание. Со своите тела, ѕвездите покажуваат класа и софистицираност. Со оглед на тоа што Rihanna е доста креативна, овој предлог навистина ѝ се допаѓа, – вели изворот.

Напиши коментар