ШоуБиз

Rihanna е повторно плавуша?!

Пејачката од Барбадос која на сите ни е позната по честото менување на бојата на коса, овој пат одлучила повторно да се врати на русата коса. Таа позирала комплетно гола за промоцијата на својот прв парфем, соодветно насловен како „Nude“. Иако на себе носи само златен ѓердан и градите ги покрива со рака, мора да признаете дека фотографиите не оставаат многу простор за вашата фантазија.

Откако еден обожавател на Твитер ја запрашал Rihanna зошто толку брзо ѝ се вратила на русата коса, пејачката му одговорила:

–          Русокоса бев само за време на снимањето. Сеуште имам црна боја на коса.

Преку Твитер, пејачката исто така го рекламира веќе споменатиот парфем за жени.

Напиши коментар