Пејачката од Барбадос Rihanna изјавила дека обожава да биде гола на сцена. Таа често снима прилично голи спотови и едиторијали, а по сѐ изгледа дека таквиот настап постепено ѝ станува омилен.
– Што повеќе време поминувам без облека, тоа подобро се чувствувам. Станувам погорда и поважна, – изјавила пејачката на која многу жени би можеле да ѝ подзавидат на линијата која ја има, а таа и не е баш нешто задоволна.
Имено, таа неодамна се пожалила дека ѝ недостасуваат облини и поради тоа престанала со диети, па сега јаде буквално сѐ што ќе ѝ се присака.
– Повеќе немам ни гради ни задник. А јадам сѐ, – биле нејзините зборови. Најверојатно, најголема вина за тоа има нејзиниот набилдан распоред.
