Контроверзната пејачка Rihanna никако не престанува да ја скокотка имагинацијата на јавноста, иако просторот за фантазирање станува сѐ помал. Овој пат, таа открива дека кога е дома, најмногу сака да шета гола.
Riri просто не може да издржи ни еден ден, а да не објави некоја провокативна фотка на својот Твитер профил. Не е ни чудо што на Твитер ја следат преку 17 милиони луѓе. Сега, таа повторно ги почести своите обожаватели.
Додека седела дома и пишувала порака на мобилниот, на себе носела само бела бањарка и на сликата изгледа како да не знае дека некој ја фотографира. Но, со оглед на тоа што сама ги поставила сликите, факт е дека се работи за намерно позирање. А, дека сака да шета гола низ дома, е тоа не е наместено! Жива вистина е!


