ШоуБиз

Rihanna се срами од мајка си!

Rihanna останала со зацрвенети образи кога нејзината мајка Monica го искористила овој важен настан за да се нашали на сметка на љубовниот живот на својата позната ќерка. Имено, пејачката дошла заедно со мајка си на забавата организирана од страна на списанието „Time“ приредена во чест на 100-те највлијателни луѓе на светот.

Пејачката открила пред своите обожаватели колку ѝ било непријатно поради мајка ѝ.  Сепак, не открива за каква шега се работи.

–          Пеевме песни на Bob Marley, пиевме шкотско виски, а мајка ми сеуште мисли дека нејзината шега за Ashton Kutcher беше примерна, – напишала пејачката на Твитер.

А, можеби ќе беше понормално Riri малку повеќе да се засрамеше од своето однесување во последно време, а не од една скромна реченица на својата мајка?

Write A Comment