ШоуБиз

Rihanna се враќа во прегратките на Drake?!

Откако во спотот за песната „What’s My Name“ покажаа дека помеѓу нив има хемија, раперот Drake и пејачката Rihanna уште еднаш ќеги видиме заедно како се гушкаат.

Двојката која порано многумина ја поврзуваа на романтична основа ќе соработува на видеото за песната на Drake со наслов „Take Care“. Објавени се првите слики од тоа како ќе изгледа спотот и на една од нив може да се види како канадскиот рапер и пејачката од Барбадос силно се прегрнуваат.

Кога го запрашале Drake што очекува од видеото тој изјавил:

–          Сакам да биде совршено – најдоброто видео што досега сум го направил и затоа нема да се брзам со објавувањето на видеото. Ќе треба малку да почекате!

Напиши коментар