Пејачката Rihanna на својот Твитер профил ставила слика која за кратко време ги вознемирила сите нејзини фанови.
Пејачката ставила неколку фотки на кои се гледа како ужива во една дискотека за време на изминатиот викенд. На една од сликите, пејачката „сечка“ бел прав на главата на еден непознат дечко со кој била излезена. Баш таа слика направила огромен скандал.
Под неа Riri напишала:
– Спомените не живеат како што живеат луѓето.
До таа слика има една на која Rihanna е качена на рамената на истиот дечко. На сликата во истиот момент имало преку 1000 коментари, од кои во некои се пишува дека пејачката мота џоинт, а во други кокаин.
Пејачката само кратко одговорила:
– Луда сум и не планирам да се глумам!

