ШоуБиз

Rihanna воодушевена од средбата со Drogba :)

Една од моментално најславните музички ѕвезди на светската музичка сцена, Rihanna не планира да се повлече. Во недлеата навечер им се придружила на Kanye West и Jay Z на нивниот концерт во Лондон, а потоа продолжила да слави во играчот на Челзи, Didier Drogba.

Пејачката се пофалила на Твитер дека настапувала со двајцата колеги и дека обожавателите по настапот биле презадоволни, коментирајќи  дека ова бил еден од нејзините најдобри концерти досега.

По одличната свирка, Rihanna продолжила да се забавува во ноќниот клуб „Boujis“, каде се сретнала со Drogba. Очигледно била воодушевена што се сретнала со оваа фудбалска ѕвезда, па веднаш ја ставила фотката на Твитер.

Сепак, не заборавила да напише дека вечерта ѝ било досадно од причина што била трезна и уморна од сѐ.

Напиши коментар