ШоуБиз

Rihanna заврши на инфузија! Пак ли?

По гламурозниот MET бал, 24-годишната пејачка Rihanna побарала лекарска помош. Била итно примена во болница поради исцрпеност и дехидрација. Медиумите шпекулираат дека се работи за претерано конзумирање алкохол и марихуана.

Начинот на живот повторно се одразува на здравјето на пејачката. Постојано ја гледаме како лудува и беснее по секакви журки, па сето тоа полека ја турна пејачката во бездна од која патот за назад е тежок.

Откако била примена во болница и ѝ бил даден соодветен третман, Rihanna е пуштена да се лечи во својот дом во Лос Анџелес. За време на престојот во болница, Riri ги почестила своите Твитер следбеници со една фотка на која таа прима инфузија.

Останува прашањето, дали и Rihanna полека, но сигурно се движи по стапките на Amy Winehouse?

Напиши коментар