Познатата поговорка вели: „Тоа што нема да те убие, ќе те направи посилен“. Rihanna ова го научила на потешкиот начин и тоа на возраст од 20 години кога беше претепана од тогашниот дечко Chris Brown.
– Тоа ми даде оружје. Имав убаво нае**но. Сите знаеа за мене повеќе отколку што сакав да знаат. Ми беше срам. Но, тој настан ме ослободи, – открива пејачката за списанието „Elle“.
За неа, да ги чува приватните проблеми настрана од медиумите било слично на затвор.
– Сега, кога луѓето знаат повеќе за мене, се чувствувам послобдна. Една тајна помалку, еден товар помалку. Немам што да кријам пред јавноста. Секој има право да мисли што сака и не мразам никого поради тоа. Јас пак ќе си бидам истата личност и ќе правам што сакам.
Rihanna на драго срце би имала деца кога би го нашла вистинскиот човек, што е многу тешко со оглед на работата која ја има. Но, кога ќе го најде, таа вели дека распоредот и работата нема да ѝ бидат толку важни како сега.

