Конечно му дојде крај на одморот од сиништата во Хаваи, и сега е време Ријана да му се врати на нормалниот живот меѓу обичните смртници.
Пристигнувајќи на аеродромот, таа изгледала речиси непрепознатливо, бидејќи немала ни трошка шминка на себе и косата и била несредена и бушава и била облечена во долг, широк, црн фустан комбиниран со апостолки и ранче.
Како што може да се забележи од сликите, пејачката заборавила да си стави и градник, или пак, сака да продолжи со промоција на хавајскиот стил на облекување. Сепак, Ријана не обрнала внимание на бројните папараци кои желно ја чекале да пристигне на аеродромот.
Епа, Ријанче одморот заврши, ајде назад на работа!

