Будното око на папараците успеа да открие што се наоѓа под црниот чипкаст фустан на Ријана. Пејачката присуствувала на новогодишна забава организирана од Пи Диди во Мајами и вниманието на сите присутни гости и новинари било насочено кон нејзината десна града.
Ријана го покажала пирсот кој ѝ се наоѓа на десната пупка, но не знаеме дали тоа била нејзината намера или е случајност, односно одбрала погрешен фустан.
Инаку, за оваа година Ријана одлучила да прекине со пушење. Таа смета дека ова е вистинско време да престане со оваа лоша навика. Од причина што многу работи и постојано е во движење, Ријана тврди дека не би требало да се здебели. А, за мажи? Сеуште е во потрага по вистинскиот.

