Познатиот американски рапер Дрејк и атрактивната Ријана сепак се заедно. Иако демантираа дека се во врска, сепак се испостави дека тие се заедно, а и веќе живеат заедно во луксузен дом кој Дрејк го купил само за нив двајцата.
Вилата во која живеат Ријана и Дрејк се протега на 700 квадратни метри и има седум спални соби, девет тоалети, кино, домашен спа центар, спектакуларен подрум со вина, базен, водопад, пет штали со коњи, патеки за јавање, песочни терени за одбојка…




















