Крис Браун и Ријана повтроно се забележани во ист ноќен клуб во Лос Анџелес, но овој пат тие комплетно се игнорирале еден со друг. Во клубот „Greystone Manor Supperclub“ и двајцата пејачи стоеле на различна страна од барот, со различно друштво.
Крис бил заедно со наводната девојка Каруеке Тран и некои пријатели, но со Ријана не дошол во никаков контакт таа вечер.
Сепак, тоа не го спречило да се развесели на песните на Ријана кои ги пуштале во клубот. Тој дури и се качил на маса додека во етер била песната „We Found Love“. Освен нив двајца, во истиот бар Д-р Дре прославувал роденден со пријателите.
