ШоуБиз

Ријана и Крис Браун во заедничка песна?!

Пејачката Ријана најверојатно му простила сѐ што ѝ згрешил поранешниот дечко Крис Браун кој насилно ја претепа пред три години.

Најпрво ги полнeа сите весници со својата романтична врска и голема љубов, а потоа со бројни скандали, особено со вечерта за време на доделувањето на Греми наградите во 2008 година, кога пејачот ја претепа Ријана во својот автомобил.

Беше уапсен и потоа казнет на пет години условна казна и привремена забрана за доближување до поранешната девојка. Му биле досудени и шест месеци општествено корисна работа и година дена терапија за соочување со насилното однесување и надминување на истото.

Сега, наводно снимаат заедно. Снимиле дури две верзии на нејзината песна „Birthday Cake“. Никој од нив двајца нема искоментирано по повод оваа вест.

Напиши коментар