ШоуБиз

Ријана ја отвори душата и призна…

Атрактивната пејачка, Ријана се сликаше за насловната страна на магазинот Harper’s Bazzar, а при тоа даде и интервју кое говори многу за неа.

Со ова интервју, кое ќе може да го прочитаме во целост на 17 јули, кога ќе излезе магазинот, таа докажа дека има и сензитивна страна.

Ријана отворено зборувала за прекинот на врската со Крис Браун. Тие двајца беа во врска, при што тој ја претепа и се разделија.

“Во еден момент без толку многу заљубена, мислам дека бев најреќната личност на планетата, а во следниот миг осетив толкава болка. Светот ми се сруши… не сум ни сонувала дека некогаш ќе почувствувам толку силна болка. Се плашам да не ја доживеам повторно” , вели Ријана во интервјуто.

Напиши коментар