ШоуБиз

Ријана ќе биде Витни Хјустон?!

Поп пејачката Ријана се именува како фаворит за главната улога во филмот за една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња, Витни Хјустон.

Откако поранешниот сопруг на Витни, Боби Браун изјави дека ќе објави книга за нејзиниот живот, сега се планира и снимање на филм. На чело на проектот се наоѓа пријателот на покојната пејачка Клајв Дејвис и тој бара сценариото на филмот да биде готово што е можно побрзо, за што поскоро да се почне со снимањето на филмот.

Во конкуренција за главната улога се Ријана, Џордин Спаркс, Џенифер Хадсон и Вивика Фокс, додека 11-годишната Вилоу Смит ќе ја глуми Витни во младите денови од животот.

Филмските продуценти се надеваат дека Ријана ќе ја прифати понудата, со оглед на тоа што таа претходно ја одби улогата во римејкот на филмот „Телохранител“ во кој глумеше Хјустон.

Напиши коментар