Нешто било дефинитивно многу занимливо и смешно за Ријана на кошаркарскиот меч завчера, но сигурно не се работело за акциите на теренот и за кошаркарите.
Иако седела во првиот ред, 23-годишната пејачка изгледала незаинтересирана за мечот на Лејкерси кој се одржал во „Стејпл центарот“ во Лос Анџелес. На мечот дошла со една пријателка и цело време не можеле да се соземат од смеење.

Подоцна и двете си земале по една голема чаша пиво и пуканки, па решиле малку да поуживаат и во играта на паркетот.

За стилот нема што да се коментира. Ријана си е Ријана, без разлика дали снима спот или отишла да гледа спортски натпревар. Лобутин чевли и кратки фармерски панталончиња, со по некоја модрица на нозете 🙂
