ШоуБиз

Ријана пократка за 10 милиони долари

Атрактивната пејачка од Барбадос, Ријана започна како тинејџерка, па заради големата заработувачка таа мораше да најми фирма која ќе ги води нејзините финансии. Со таа цел Ријана ја ангажирала фирмата Бердон.

Бидејќи америкаснската служба за данок, побарала увид во нејзината заработувачка од 2008 до 2012 година, таа морала да ги преиспита сите документи. При тоа таа сфатила дека Бредон, ја скратил за 10 милиони долари. Од нејзината заработувачка непријавено земале 23%, а исто така и прикажувале сосема поинаква финансиска состојба, за која и велеле дека е лоша и и предложувале да инвестира во погрешни насоки. Така таа купила имот вреден 7 милиони долари, а отпосле се увидело дека има големи проблеми кои имотот го прават неупотреблив, па таа морала да го продаде за 5 милиони, при што изгубила 2 милиони долари.

За ова Ријана ја тужи фирмата Бредон, и бара голема оштета.

Напиши коментар