Пејачката Ријана потрошила дури 100.000 фунти за да го збогати својот дом со едно вредно уметничко дело.
Се работи за славниот портрет на Мерлин Монро кој што е направен од Сваровски кристали. Портретот е тежок преку 80 килограми и на него има 65.000 кристали. Делото го направила Клер Милнер.
Пријателите на Ријана откриваат дека пејачката многу често се поистоветува со трагичната холивуска дива и дека таа е нејзиниот идол.
