Сите оние кои работат за Ријана добиле нов правилник за работа, па ако не се почитува следи отказ.
Сите оние кои ја пратат Ријана од техничари, па се до танчери не смеат да помислат да користат дрога ни во текот на работното време, ни надвор од него. Не смеат да се појават мамурни на работа или под дејство на алкохол. Доколку закаснат пак може да се помират веднаш со отказот. Викање за било што не е дозволено, освен ако на некој не му е загрозен животот.
Сите овие правила се наоѓаат во правилникот, а на сето ова јавноста се прашува дали важат и за пејачката. Се би било полесно ако Ријана не беше фатена со дрога во раката, ако не завршеше во болница на чистење по една забава, и ако самата не изјави во една емисија дека се што и треба е еден џоинт и една чаша алкохол. На тоа таа изјави: “Што да правам кога ги сакам убавите работи во животот”.
